Теута Арифи го призна поразот во Тетово

75

Кандидатката за нов градоначалнички мандат во Тетово Теута Арифи вечерва призна пораз на изборите и му ја честита победата на својот противкандидат, на лидерот на Движењето Беса Биљал Касами. Таа е првиот политичар на овие избори кој призна пораз и упати честитка на противкандидатот.

Според броењето на резултатите и тоа што го имаме како податок, изгледно е дека Тетово ќе го води мојот противкандидат и јас му честитам на победата и му посакувам успешна работа имајќи предвид дека Тетово носи многу предизвици, рече Арифи.

„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои ме поддржаа и кои го поддржаа мојот концепт, останувам на мислењето дека е тоа прогресивен концепт. Времето ќе покаже дека прогресивноста била на нашата страна“, рече Арифи во своето кусо обраќање пред новинарите.