Тејлор Свифт го собори рекордот на Битлси

5

Пејачката Тејлор Свифт постави уште еден нов рекорд. За 259 дена три пати успеа да го заземе првото место на сите топ листи со три свои албуми.

Најновиот албум на Тејлор Свифт кој го носи името Fearless, во петокот се најде на првото место на британската музичка топ листа па го собори рекордот на Битлси. Британските момци од Ливерпул останаа недопирливи 54 години откако со албумите Help! Rubber Soul и Revolver се најдоа на топ листите три пати последователно, но за тоа им требаа 364 дена.

Ова не е прв рекорд за Тејлор годинава. Таа стана првата жена која освојува Греми награда за најдобар албум три години по ред. Претходно ги собори и рекордите за најпродаван албум во САД.