Тимови од Формула 1 бараат Андрети да плати 500-700 милиони долари наместо предвидените 200

2

 

Дел од Формула 1 тимовите сакаат да го зголемат надоместокот за новодојденците. Сопственикот на новиот тим Кадилак Андрети е обврзан да плати 200 милиони долари на останатите десет тимови како компензација за разводнување на наградниот фонд.

Според Ројтерс, меѓу тимовите постои перцепција дека оваа сума е недоволна. Ова беше една од важните причини за негативниот однос кон амбициите на Андрети.

Извор на еден од тимовите сугерираше дека придонесот треба да се зголеми на 500 милиони.

Друг извор кој зборуваше за „Би-би-си“ нагласи дека 200 милиони фунти ќе ги покријат загубите на тимот за само две години и предложи сумата да се зголеми на помеѓу 600 и 700 милиони фунти.

Така, секој учесник ќе добие по 60-70 милиони, со што ќе се надомести изгубената добивка за околу пет сезони.