Тимоние: За новата методологија на проширување очекуваме реакции прво од ЕУ, а потоа и од македонска страна

6

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави дека Франција ги очекува реакциите од земјите членки на ЕУ за францускиот план за проширувањето, а потоа со вниамние ќе ги сослуша и забелешките од македонска страна. Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека францускиот документ, посветен на новата методологија во преговарачкиот процес е доставен до сите земји-членки на Европската унија, а по насоките кои францускиот амбасадор ги добил од француската Влада, документот е доставен и до Владата на Република Северна Македонија

Тој најави дека денеска ќе се сретне со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кого, како што, рече ќе го сослуша во врска со неговите размислувања за францускиот документ, а најави и средби со други претставници на властите во земјата.

Сепак, посочи Тимоние најважно од сè е почитувањето и функционирањето во пракса на правната држава и додаде дека тоа е работа за која се согласуваат сите.