Тимоти Шаламе ќе го глуми Боб Дилан во биографски филм

10

Младиот актер Тимоти Шаламе (24) преговара за улогата на Боб Дилан (78) во претстојниот филм на Џејмс Манголд. Биографијата наводно ги носи називот „Going Electric“ и го следи подемот на Дилан од фолк пејач во Гринвич вилиџ до статус на рок месија.

Манголд е познат по режирањето на биографијата на Џони Кеш „Walk the Line“ од 2005 година, а во последно време ги режираше и филмовите како што се „Logan“, „Ford v Ferrari“ и други. „Дедлајн“ пренесува дека Дилан активно соработува со Манголд на филмот, кој, меѓу останатите, го продуцира и долгогодишниот менаџер на Дилан, Џеф Розен.

Ако преговорите успеат, Шаламе ќе им се придружи на актерите кои претходно играле во филмовите за Дилан, а вклучувајќи ги Кејт Бланшет, Кристијан Бејл, Ричард Гир и другите од филмот „I’m Not There“ од 2007 година. „Going Electric“ не е единствениот филм кој во моментот се развива, имајќи предвид дека и режисерот Лука Гвадањино (кој со Шаламет го сними филмот „Call Me By Your Name“), најавил дека планира да сними фил базиран на албумот на Боб Дилан, „Blood on the Tracks“, од 1975 година.

Тимоти Шаламе беше номиниран за Оскар за улогата во филмот во „Скриена љубов“.