Тим по голема борба го победи Зверев и закажа финале со Ѓоковиќ

3

Доминик Тим ќе биде противникот на Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија Опен откако со 3-1 во сетови го совлада Александер Зверев.

Доминик Тим и Александер Зверев одиграа одличен и неизвесен меч по кој на крајот се радуваше Австриецот.

Зверев почна одлично го доби првиот сет со 6-3, но на Тим му припадна следниот со 6-4 за 1-1 во сетови.

Потоа следуваа два драматични сета кои завршија со трајбрејк, во првиот од нив Тим победи со 7-3, а во вториот со 7-4 за победа од 3-1 во сетови над Зверев.

Ова ќе биде прво финале на Австралија Опен за Доминик Тим, во него ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој вчера беше подобар од Роџер Федерер.