Тина Тарнер се простила од починатиот син: „Во тага ги затворам очите и мислам на тебе сакан мој“

19

 

Тина Тарнер се простила од својот покоен син Рони Тарнер во трогателна објава на социјалните мрежи.

Рони (62) бил пронајден пред неговиот дом во Лос Анџелес во четвртокот наутро. Обидите на неговите соседи да го оживеат биле неуспешни.

Причината за смртта не е објавена, а останува нејасно дали неговата смрт е поврзана со претходна дијагноза на рак. Тажната вест за смртта на Рони ја потврди неговата сопруга Афида која на својот Инстаграм објави серија фотографии со него.

Неговата мајка, 83-годишната хитмејкерка, подоцна објави црно-бела фотографија со која се збогува со својот син.

„Рони, прерано си замина од светот. Ги затворам очите од тага и мислам на тебе, мојот сакан син“, напишала таа.

Неговата смрт доаѓа само четири години откако постариот син на пејачката, Крег, изврши самоубиство пукајќи во себе во јули 2018. година. Тарнер го родила Крег кога имала само 18. години, откако забременила со саксофонистот Рејмонд Хил.