Тлото не мирува: Освен во Македонија, синоќа земјотреси регистрирани и во Грција и Хрватска

22

Вчеравечер и во текот на ноќта беа регистрирани повеќе земјотреси во гостиварско-мавтовско-кичевскиот регион, од кој најсилен беше земјотресот со магнитуда од 4.6 степени според Рихтер во 22 часот и 17 минути, а истиот беше почувствуван и во Скопје.

Веднаш по него во 22 и 30 часот следуваше уште еден со магнитуда од 4.4 степени по Рихтер, а во текот на ноќта имаше уште три. 3,3 степени според Рихтер – епицентарот 18 километри од Зајас, на длабочина од 1 километар. 2,2 степени според Рихтер – епицентарот 17 километри јужно од Гостивар, на длабочина од 2 километри и 3,1 степени според Рихтер – епицентар 20 километри југозападно од Гостивар, на длабочина од 2 километри.

Инаку, освен во Македонија, земјотреси беа регистрирани и во Хрватска и во Грција.

Во Хрватска, во Драганиќ во близина на Карловац утринава во 06:41 часот бил регистриран земјотрес со јачина од 2,9 степени според ЕМСЦ.

Во Грција, во околината на Трикала, во близина на Лариса, продолжи интензивната сеизмичка активност, па ноќеска имаше повеќе земјотреси над 2 степени, а најсилен беше регистриран во 04:49 часот со јачина од 3,2 степени со епицентар на 35,8 километри североисточно од Трикал