ТНТ почна од почеток, адвокатите го спорат и обвинителот и “бомбите”

6

Судењето за случајот ТНТ, односно за рушењето станбениот комплекс Космос на бизнисменот Фијат Цаноски, почна од почеток со воведени говори на адвокатите кои веднаш побараа судот да ја одложи расправата.

Обвинетиот поранешен градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски дојде во суд иако имал уште денови од боледувањето откако беше претепан. Сепак само што почна од почеток,адвокатите побараа да се прекине расправата спорејќи ја надлежноста на јавниот обвинител, Бурим Рустеми од веќе згаснатотот СЈО како и бомбите како докази.

– Сите разговори кои ги изведовте и сите транскрипти и СМС пораки од нелегалното следење на комуникациите, Вие како судечки совет треба и мора да ги отстраните од списите од предметот и почетокот да го одложите до моментот кога кога ќе биде донесен законот за јавно обвинителство, рече адвокатот Маленко Миланов.

Според нив единствено надлежен обвинител за бомбите се обвинителите од СЈО.

Адвокатот Мерџан Даути бараше симултан превод на албански знае македонски јазик и побара судот да му ги преведе сите докази на албански јазик. За да не биде ова причина за опструкција на судењето судот му обезбеди преведувач на Даути.

Поранешниот министер, Миле Јанакиески во воведниот говор порача дека немал цел да му се одмазди на Фијат Цаноски кој како претседател на ПЕИ ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со СДСМ. Како еден од клучните докази ја истакна одлуката на Уставниот суд кој на барање на Фијат Цаноски пресудил дека бизнисменот не бил политички дискриминиран. Тој тврди дека не потпишал ниту еден документ за рушењето на Космос.

Во овој предмет е обвинет и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство.