Том Круз „заробен“ во Италија: Не излегува од хотелот поради коронавирус!

5

Актерот Том Круз (57) е присилен да остане во луксузниот хотел во Венеција после снимањето на филмот „Mission: Impossible 7“, поради појавата на коронавирусот во Италија, пишува Daily Mail. Том пристигна во Италија пред неколку дена, а сега „заглави“ во хотелот „Gritti Palace“ и снимањето на филмот се одложи се додека не се види расплетот на ситуацијата со коронавирусот. Ноќевањето во луксузниот хотел во Венеција каде што моментално престојува Круз чини 640 евра.

Како што пишуваат странските медиуми, Том не би смеел да излезе од хотелот до 1 март, додека продуцентите не одлучат што понатака ќе се случува со снимањето. Премиерата на филмот е најавена за 23 јули 2021, но поради застојот со снимањето можно е да доцни. Филмот „Mission: Impossible 7“ го продуцира Кристофер Мекваер (51), а покрај Том Круз глумат и Ребека Фергусон (36) и Хејли Атвел (37).

Никој од филмската екипа не е заразен. Италијанските медиуми јавуваат дека до сега починале 7 жртви од коронавирус во Италија, а бројот на заразени расте.

Мажот за кој што се претпоставуваше дека е „пациент нулта“ е негативен на коронавирус. Италијанските медиуми открија дека има 222 заразени, а 101 се уште во болница. На интензивна нега се наоѓаат 27 пациенти, а 94 се во домашна изолација.