Том Круз се обидувал да ја убеди Меган Маркл да премине во скиентологија

64

Холивудскиот актер Том Круз наводно се обидува да ја убеди Меган Маркл да премине во скиентологија, пренесуваат странските медиуми.

За холивудската ѕвезда Том Круз веќе со години се пишува дека поради неславниот култ во кој членува, со години не ја видел својата ќерка, но и поради проблематичното однесување на сетовите…

Имено, како што пренесуваат странските медиуми, Том веќе започнал да ја убедува Меган да се приклучи на озлогласената секта.

Според гласините, 59-годишниот актер отсекогаш сонувал војвотката од Сасекс да стане член на контроверзната религија, а наводно веќе стапил во контакт со сопругата на принцот Хари преку нивната заедничка пријателка, познатата водителка Опра Винфри.

Кралскиот уредник Роб Џонсон изјави дека и покрај бизарните тврдења, нема докази дека Том Круз и Меган Маркл преговараат за премин на војвотката во Скиентолошката црква.

„Веќе некое време кружат такви гласини… Имаше дури и тврдења дека тој ќе ѝ понуди работа во некој од неговите филмови“, вели Џонсон, додавајќи дека нема докази дека она што кружи во таблоидите е вистина.

Инаку, многу познати ѕвезди се членови на саентологијата како Елизабет Мос, Лора Препон, Дени Мастерсон, Џон Траволта…