Тони Трајковски со модринки по лицето, судијата го чека во судница (ФОТО)

9

Поранешниот градоначалник Тони Трајковски не дојде на судењето на ТНТ поради тоа што бил претепан, тврди неговиот адвокат. Тој покажа и фотографии на кои се гледа дека Трајковски има видливи модринки.

Инцидентот го има и во билтенот на МВР и бил пријавен во полицијата.

„На 22.12.2019 околу 23,35 часот Т.Т. пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив. С е работи на расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Како што веќе објавивме судијата Огнен Ставрев рече дека утрово се јавил кај доктор во Ургентниот центар од каде добил известување дека Трајковски е во добра здравствена состојба и е на пат кон дома.

Судијата даде рок од 1 час Трајковски да се појави во судот или во спротивно најави дека ќебиде стражарно приведен.

Се чека дали Трајковски ќе дојде во судот.

Ако случајот ТНТ не заврши до утре, тогаш ќе се врати од почеток, поради завршување на мандатот на една од поротничките.

За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски