Топката е само моја, ќе научите како е да се игра со Коби Брајант

17

Лу Вилијамс кој сега настапува за ЛА Клиперс, во периодот од 2015 до 2017 година играше во Лејкерс и тоа во периодот кога на залез од кариерата беше легендарниот Коби Брајант.

Коби е познат како голем егоцентрик, по еден дуел беше многу лут на соиграчите бидејќи загубија од Портланд со голема разлика.

– Коби ќе биде лут на мене поради ова што ќе го кажам, но… Кога играв во Лејкерс, Портланд во една средба не уништи и кога влезе Коби во соблекувалната веднаш згрме: „Од сега, секој пат на теренот, топката е само моја. Има сите да научите како е да се игра со еб**иот Коби Брајант“, изјави Лу Вилијамс кој потоа додаде:
„Портланд не уништи и на Коби тоа не му се допадна“.

Вилијамс оваа анегдода ја раскажа во подкастот кој го водат поранешните НБА кошаркари, Мет Барнс и Стивен Џексон.