Топлото добредојде на Карачиќ во Скопје во фокусот на ЕХФ (Видео)

5

Минатиов викенд Вардар и Кјелце одиграа уште еден возбудлив дуел во Лигата на шампионите, дуел кој по голема борба заврши без победник 28-28.

Ова воедно беше средба на која Игор Карачиќ повторно можевме да го видиме во Скопје во СЦ „Јане Сандански“, но сега во дресот на противникот, меѓутоа без разлика на тоа Хрватот со големи овации и аплаузи беше дочекан од публиката со што на најдобар можен начин покажа колку бекот значи за нив и колку го ценат тоа што го направи за „црвено-црните“ низ измината деценија.

Токму тоа топло добредојде на Карачиќ во Скопје се најде во фокусот, центарот на ЕХФ.

Видеото можете да го погледнете тука.