Торнадо направи хаос на Халкидики, четворица повредени

8

Вртлог кој одеднаш се формирал на небото, направил хаос на плажата во Неа Мудања на Халкидики. Четири лица се повредени, а направена е и поголема материјална штета.

Според сведочењата на очевидци, торнадото настанало без предупредување, протатнало низ плажата уништувајќи ги баровите, лежалките и мобилните тоалети.

За среќа, торнадото не било со толкав интензитет, како она што пред некој ден ја погоди Чешка, па помина без поголеми последици. Во изненадниот вртлог повредени се четири лица, од кои една жена е со посериозни повреди и било укажана медицинска помош на лице место.

Иако торнадата повеќе се карактеристична појава за американскиот континент, во Европа се ретки, но во последно време се појавуваат се почесто.