Торонто му израмни на Бостон, Клиперс на чекор до финале

14

Во тесна битка дури по продолженија тимот од Канада успеа да победи и да се избори за мајсторка против Бостон, додека Лос Анџелес Клиперс поведе со 3-1 против Денвер.

Крајно неизвесен и интересен натпревар ноќеска одиграа екипите на Бостон Селтикс и Торонто Репторс, натпревар кој во регуларниот дела заврши 98:98, па мораше да се играат дури две продолженија за да се добие победникот на 6. серија. Пред крајот Бостон со тројка се врати во игра намалувајќи на 122:123, но потоа Канѓаните со две слободни фрлања дојдоа до конечна победа.

Кајл Лори од Торонто со 33 поени беше најефикасен, додека Џејлен Браун од Бостон постигна 31 поен, но запиша и дури 16 скокови. Трипл-дабл оствари Маркус Смарт од поразената екипа со скор од 23 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Со оглед на тоа што со победата Торонто израмни на 3-3 во партии, ќе мора да се игра мајсторка за да се добие противникот на Мајами Хит во финалието на Источната конференција. Натпреварот ќе се игра ноќта помеѓу петок и сабота во 3:00 часот сабајле по македонско време. Торонто е и актуелен бранител на тронот.

Лос Анџелес Клиперс дојде на една победа од финалето во Западната конференција откако по третпат го совлада Денвер. Каваи Ленард постигна 30 поени, 11 скокови и 9 асистенции предводејќи го Клиперс до победата.

Резултати:
Бостон Селтикс – Торонто Репторс 122:125 прод. (3-3)
Денвер Нагетс – Лос Анџелес Клиперс 85:96 (1:3)