Тотенхем заинтересиран за Заниоло

3

 

Раководството на Тотенхем е заинтересирано да го донесе во редовите на лондонскиот премиерлигаш фудбалерот на Рома и италијански репрезентативец Никола Заниоло, објави „Скај спорт“.

Според британскиот медиуми, Рома е подготвена да му дозволи трансфер на Заниоло, но бара обесштетување во износ од 40 милиони евра.

Тотенхем ќе настојува да го донесе Заниоло како позајмен фудбалер со можност да го откупи неговиот договор.

Заниоло е член на Рома од 2018 година, а неговиот важечки договор со клубот од Рим истекува во јуни 2024 година.