ТРАГЕДИЈА: Во пожар во болница во Сенегал загинаа 11 бебиња

8

Најмалку 11 новороденчиња го загубија животот во пожарот во неонаталното одделение на регионалната болница во градот Тивауан во Сенегал, соопшти претседателот на таа земја Маки Сал.
Според првичните резултати од истрагата, причина за пожарот е краток спој, изјави за локалната телевизија министерот за здравство на Сенегал, Андулаје Диуф Сар.

Претседателот Сал, кој е во државна посета на Ангола, упати длабоко сочувство до мајките и нивните семејства, пренесува Ројтерс.

Градот Тивауан е оддалечен околу 120 километри од главниот град Дакар.