Трагедија во семејството на Алисон, неговиот татко се удави

8

Хосе Агостињо трагично го загуби животот на 57 години.

Голема трагедија го зави во црно семејството на Алисон Бекер, голманот на Ливерпул. Неговиот татко Хосе Агостињо го загуби животот на 57 години откако се удавил во реката Камакуа во регионот Лаврас до Сул во Бразил.

Потрагата по Хосе Агостињо веднаш започнала по пријавата дека се изгубил во реката околу пет часот попладне, откако тој не испливал на површината. Полицијата и пожарникарите со часови трагале по Хосе, а набрзо неговото безживотно тело било најдено од страна на пријател на семејството на Алисон.

Бразилските клубови испратија пораки за сочувство кон Алисон, како и кон неговиот помлад брат Муриел, кој брани за Флуминенсе.