Трамп во нов обид да го спречи објавувањето на книгата на Болтон

10

Американскиот Оддел за правда поднесе барање за итно привремено блокирање на објавувањето на книга од поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон. Тоа е втор пат во два дена администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обиде да го блокира објавувањето на книгата со образложение дека содржи класифицирани информации и ќе ја загрози националната безбедност. Меѓу тврдењата за кои пишува Болтон се дека Трамп го замолил кинескиот претседател Си Џинпинг за помош за реизбор на функцијата и дека Трамп вербално ја поддржувал изградбата на логорите за Ујгурите.

Трамп реагираше нарекувајќи го Болтон „лажливец“. Трамп за „Фокс њуз“ рече дека Болтон го прекршил законот со вклучување на високо класифициран материјал во книгата. Осврнувајќи се на односот на претседателот со неговиот руски колега, Владимир Путин, Болтон изјави дека Путин „гледа дека тука не се соочува со сериозен противник. Мислам дека не е загрижен од Доналд Трамп“. На 18 јуни, Трамп ја опиша книгата на Болтон како „компилација лаги и составени приказни“.