Трамп го постави Ретклиф на чело на безбедносните служби: „Исклучителен и многу талентиран човек“

12

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го номинира републиканскиот сенатор Џон Ретклиф за нов директор на Националната разузнавачка агенција.

„Џон е исклучителен и многу талентиран човек“, напиша Трамп на Твитер за конгресменот од Тексас, кој е меѓу неговите најголеми поддржувачи.

Ретклиф веќе еднаш беше номиниран за позицијата минатата година, но се повлече покрај шпекулациите за тоа дали е доволно квалификуван за работата и обвинувањата дека фабрикувал дел од својата биографија за да ја подобри.

Најавата доаѓа во време кога претседателот се соочува со зголемени критики меѓу демократите дека ја политизира американската разузнавачка заедница.

Директорот на Националната агенција за разузнавање надгледува 17 американски разузнавачки агенции и е најважната врска помеѓу разузнавачката заедница и претседателот.

Назначувањето бара согласност од Сенатот и не е јасно дали Ретклиф, кој претходно се соочуваше со загриженоста од обете партии во врска со неговото искуство, ќе може да добие поддршка од 51 лице.

Претходно овој месец, Трамп го назначи Ричард Гренел, амбасадорот во Германија, за вршител на должноста директор на разузнавачката агенција, за што не е потребно одобрување од Сенатот.

Се очекува Гренел да остане на функцијата ако номинацијата на Ретклиф не помине во Сенатот.

„Во време кога Русите се мешаат на нашите избори, потребен ни е непартиски човек на чело на разузнавачката заедница, кој на светот гледа објективно и ја кажува вистината за власта“, рече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.