Трамп за коронавирусот: Ни најмалку не сум загрижен

17

Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите коментираше за актуелната ситуација со коронавирусот, при што рече дека ни најмалку не е загрижен.

Минатата недела, Трамп беше на годишна конференција на Конзервативната политичка акција, по што подоцна било утврдено дека еден учесник на конференцијата е позитивен на коронавирусот.

Новинарите го прашале Трамп дали коронавирусот ќе ја спречи неговата политичка активност и дали ќе бидат преземени какви било превентивни мерки во Белата куќа.

„Работиме прекрасно. Направивме одлична работа. Чудесно соработуваме со другите земји во светот“ рекол Трамп, по што ја отфрлил загриженоста поради вирусот, кој се шири во светот.

„Не, не сум загрижен ни најмалку. Работиме одлична работа околу тоа. Ви благодарам3 заклучил Трамп.

Вкупниот број на заразени со коронавирусот надмина 110.000. Починаа над 3.800 луѓе, а се опоравија повеќе од 62.000.