Трамп накратко излезе од воената болница каде беше хоспитализиран поради коронавирус (видео)

17

Американскиот претседател Доналд Трамп накратко беше излезен надвор од воената болница Валтер Рид каде беше хоспитализиран поради коронавирус.

Околу 23 и 30 часот по средно европско време, Tрамp се движеше во конвојот возила што минуваа многу бавно пред болницата каде што се собираат неговите приврзаници

Трамп беше во едно од возилата и со маска на лицето им мавташе на своите гласачи и фанови.

Тој објави и видео на твитер 15 минути пред да ја напушти болницата.

По ова кратко патување, трамп се врати во болницата.

Претседателот Tрамп тргна во кратко возење да ги поздрави своите приврзаници пред болницата и сега се врати во претседателскиот апартман во болницата Валтер Рид, соопштија од секторот за односи со јавноста на Bелата куќа, пред полноќ по европско време.