Трамп најави дека ќе ја напушти Белата куќа, Но нема да признае изборен пораз

8

Доналд Трамп кажа дека ќе ја напушти Белата куќа доколку победата на Џо Бајден и формално биде потврдена од Изборниот колегиум. Тој досега одбиваше да признае пораз и им кажа на новинарите дека ќе му биде тешко да го направи тоа.

Бајден има освоено 306 електорски гласови на изборите на 3 ноември, додека Трамп е на 232, далеку од потребниот праг од 270.

Електорите ќе се сретнат следниот месец за да го официјализираат резултатот, пред Бајден да положи заклетва на 20 јануари.

„Се разбира дека ќе ја напуштам Белата куќа ако Изборниот колегиум ја потврди победата на Бајден. Но, уште многу работи може да се случат дотогаш. Ако го изберат Бајден, ќе направат грешка. Ќе биде многу тешко да се признае пораз зашто сите знаеме дека имаше масовни измами на изборите“, изјави Трамп, не потврдувајќи дали ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден.

Трамп претходно ги овласти федералните агенции да почнат со транзицијата на власта.