Трамп нема имунитет, ќе оди на судење за сексуален напад

5

По вчерашната одлука на вишиот суд во Њујорк поранешниот претседател на САД Доналд Трамп најверојатно ќе биде повикан да сведочи под заклетва во случајот во кој е обвинет за сексуален напад врз Самер Зервос, некогашната учесничка во ријалити шоуто Чирак.

Трамп минатата година се повика на претседателскиот имунитет во доказната постапка за тужбата на Самер Зервос, но судот во Њујорк вчера оцени дека Трамп сега може да сведочи бидејќи повеќе не ја врши функцијата претседател.

Адвокатскиот тим на Зервос бараше од судот да ја поништи одлуката на апелација за изземање на тогашниот претседател на САД и постапката да се врати на пониска судска инстанца, во претходната истражна постапка, што би можело да резултира со судска покана за Трамп да сведочи под заклетва, но и лично да ѝ поставува прашања на тужителката.

Адвокатите на Зервос тврдат дека адвокатскиот тим на Трамп не се противел да се поништи минатогодишната одлука на апелацискиот суд за прифаќање и активирање на претседателскиот имунитет.