Трамп: Сезонскиот грип поопасен од короната

14

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги критикуваше големите реакции по појавата на корона вирусот, споредувајќи го со обичен грип.

Изнесувајќи статистички податоци Трамп посочил дека многу поголем проблем создава обичниот сезонски грип.

„Минатата година од обичен грип починаа 37.000 Американци. Во просек смртноста е од 27.000 до 70.000 годишно. Ништо не се затвора, животот и економијата функционираат. Моментално се забележани 546 случаи на корона вирус, од тоа 22 со смртен исход. Мислете на тоа“, пишува Трамп на Твитер.