Трамп се обидел да добие ексклузивно право врз евентуалната вакцина против Ковид-19

20

Администрациајта на американскиот претседател Доналд Трамп понудила „големи суми“ за да добие ексклузивен пристап до вакцината за новиот коронавирус, која ја развива германската компанија „КјурВак“, откриваат германскит емедиуми.

Според нивните пишувања Трамп се обидел да ја убеди компанијата да го премести својот истражувачки оддел во САД и да развие вакција ексклузивно за САД. Централата на „КјурВак“ се наоѓа во Тубинген но таа исто така има канцеларии и во Франкфурт и Бостон.

Германското министерство за здравство ја потврди информацијата и соопшти дека единствениот интерес на Берлин е развивањето на вакцина против новиот коронавирус да се одвива и во Германија и во Европа.

Информацијата исто така ја потврди и минстерот за внатрешни работи Хорст Зихофер, кој соопшти дека за тоа ќе дискутира и кризниот тим на денешниот сотанок.

За разлика од нив американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, ги негираше наводите на германските медиуми.

Минатата недела извршниот директор на „КјурВак“ Даниел Меничела, заедно со повеќе претставници на фармацевтски компании присуствувал на состанок во Белата куќа, со претседателот Трамп, потпретседателот Мајк Пенс и членови на претседателската работна група, на кој се разговарало за напредокот во развојот на вакцина против вирусот. Одржувањето нa состанокот го потврди и компанијата „КјурВак“, но во соопштението рече дека Меничела samo ги информирал за напредокот во развојот на вакцината и надежите дека таа може да биде подготвена за широка употреба на почетокот на летото.

Информациите дека Вашингтон се обидел да добие ексклузивно право врз вакцината предизвика гневни реакции во германската јавност која побара од владата да стори се за да ги спречи САД да добијат контрола врз вакцинaта против Ковид-19.