Трамп се пожали: „Истрагата за импичмент е измама на демократите“

8

Тоа е демократска измама која не води никаде, но идните претседатели никако не смеат да бидат компромитирани. Она што ми се случи никогаш не треба да му се случи на ниту еден друг претседател – напиша Трамп на Твитер.

Американскиот претседател Доналд Трамп коментирајќи ги сослушувањата на конгресот во рамките на истрагата за негов импичмент, изјави дека ниту еден претседател никогаш повеќе не би требало да поминува низ тоа.

– Тоа е демократска измама која не води никаде, но идните претседатели никако не смеат да бидат компромитирани. Она што ми се случи никогаш не треба да му се случи на ниту еден друг претседател – напиша Трамп на Твитер.

Во низа пораки тој истакна дека и дека „ги задржал парите наменети за Украина затоа што таа се смета за корумпирана земја” и оти сакал да знае „зошто околните европски земји не ги даваат своите пари”.

Трамп ги критикуваше „волците од Вашингтон и медиумите кои шират лажни вести”, тврдејќи дека се бори за иднината на идните претседатели, откако судија на федералниот суд во Вашингтон донесе одлука дека поранешниот правен советник на Белата куќа, Доналд Мекган, мора да одговори на обврзниот повик на Претставничкиот дом да сведочи во истрагата за отповикување на Трамп.

Тој додаде дека всушност би сакал официјални лица, како што е државниот секретар Мајк Помпео, да сведочат во „лажната измама на процесот за отповикување”.