Трамп со честитка за директната авиолинија Белград – Приштина

13

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го истакна договорот за воспоставување на прв директен лет межу Белград и Приштина. „Сите рекоа дека не може да се направи. Но, за прв пат во една генерација, ќе има директен лет меѓу Србија и Косово. Уште една победа. Благодарност до амбасадорот Роберт О’Брајан и амбасадорот Ричард Гренел“. Делегација на српското Министерство за економија и компанијата Луфтханза вчера во Берлин попишаа Писмо за намери за воспоставување авиолинија помеѓу Белград и Приштина. Истовремено, престедателот на Косово Хашим Тачи го поздрави потпишувањето на писмото за намери меѓу Луфтханза и косовските авторитети од цивилната авијација со кое се отвора можност за воздушна линија меѓу Белград и Приштина.