Трамп ја повика Хилари да се вклучи во претседателската трка

24

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика денеска Хилари Клинтон да се вклучи во претседателската трка пред изборите во 2020 година.

– Мислам дека нечесната Хилари Клинтон треба да се приклучи и да се обиде да ја украде од ултралевичарката Елизабет Ворен, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека има само еден услов.

Тој истакна дека „нечесната мора да ги објасни сите свои злосторства и прекршоци, вклучувајќи и тоа како и зошто избришала 33.000 мејлови по добивањето судска покана“.