Трамп ја тужи својата внука бидејќи им дала информации на новинарите за неговите измами

1

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи својата внука Мери Трамп поради текст објавен во Њујорк тајмс во 2018-та година, во кој таа соработувала со новинарите за да ја осуди неговата даночна измама, пренесува Вашингтон Пост.

Трамп ја тужеше својата внука за откривање доверливи документи, кои укажуваат на даночни измами извршени од Доналд Трамп. Додека Мери Трамп во своите мемоари објавени во 2020 година-та призна дека била извор на новинарската истрага, Трамп сега ја обвинува за прекршување на договорот според кој не смеела да ги открие тие доверливи информации.

Инаку, Мери Трамп е ќерка на починатиот брат на Трамп, Фред Трамп Џуниор, кој починал во 1982-та година на 42 -годишна возраст.