Трамп: ќе го победиме импичментот

16

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека ќе победи во борбата со пратениците кои покренаа процедура за официјално обвинување против него, а со цел тој да биде отповикан.

„Добра вест е дека републиканците никогаш не биле толку обединети“, наведе Трамп на Твитер додавајќи: „Ќе победиме“. Процедурата за сменување на Трамп тече во Претсатвничкиот дом чие мнозинство го чинат демократите. Тие за ова би можеле да гласаат кон крајот на овој месец, за потоа постапката да продолжи во Сенатот каде што мнозинство се републиканците на Трамп.