ТРАНСФУЗИОЛОГИЈА ВО ОХРИД ЗАТВОРЕНА: Персоналот бил во контакт со заразено лице со коронавирусот

7

Персоналот на Одделението за трансфузиологија во Охрид бил во контакт со лице коешто како пациент отишло да подигне терапија преку системот „Мој Термин“, а после неколку дена се развиле симптоми кај тоа лице и сега е дијагностициран коронавирусот кај пациентот. Заради тоа одделението за трансфузиологија е веднаш затворено..

Пациентот имал кобтакт со сите вработени, изјави министерот Венко Филипче, и нагласи дека иако не се сите вработени во висок ризик, сепак е донсена одлука вработените да останат во изолација.

-Сите 10 вработени – докторите, медицинските сестри и помошно-техничкиот персонал ќе бидат во домашна изолација. Целосно е преземена службата за трансфузиологија од одделението коешто се наоѓа во специјалната болница Св. Еразмо. Крвоснабдувањето во ниту една болница – болничка установа во Охрид, не е загрозено. Таму целосно функционира и делот за одредување на крвна група којшто се потврдува со системот за телемедицина, којшто со години наназад работи во рамките на Институтот за трансфузиона медицина под раководство на институтот во Скопје, изјави министерот Филипче.