Трајановски: Град Скопје за три години се задолжи 30 милиони евра

28

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, во гостувањето на Дневникот на Сител упати критики до сегашниот градоначалник, Петре Шилегов и посочи дека некои проекти се оставени во фаза на градба, уште во времето кога тој бил градоначалник.

„Во изминативе три години имаме три години на неработа и нереализација на Шилегов, градот не изгледа поинаку, градот за три години се задолжи 30 милиони евра, граѓаните со право прашуваат каде се потрошени тие пари. Со оглед на тоа дека не се гледаат некои поголеми проекти во градот Скопје – рече тој.a