Трет фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2020” во КИЦ

На 19 јуни во паркот пред Културно-информативниот центар – Скопје, со почеток во 18:00 часот ќе се одржи литературната манифестација -Трет фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2020”.

25

„’Стихувалки’ има првенствена цел да придонесе за книжевниот и културниот развој кај нас, по пат на поттикнување на креативниот и творечкиот потенцијал на поетите кои пишуваат поезија за деца. На завршната манифестација ќе биде промовирана збирката со поетски творби ‘Стихувалки 2020’, во која се објавени имињата на 80 автори и нивните поетски творби. На свеченоста ќе се соопштат наградите на трите најдобри поетски творби за деца од тројца автори на кои ќе им се врачат плакети и парични награди. На сите 80 застапени автори во збирката ќе им биде врачено признание за нивното учество на конкурсот и за афирмација на поезијата за деца, како и по еден примерок од книгата“, стои во најавата за настанот.

На свеченоста ќе се обратат: авторката на проектот Ели Маказлиева, како и Кристина Николовска, Христо Петрески, Лила Арсова, водител ќе биде Марија Богоеска, а со музичка точка ќе се претстави Тереза Крцоска – професор по виолина во „Пијанофорте“.

Настанот ќе пренесува и во “живо“ на фб страницата на КИЦ.