Трифонов го победи Борисов со 65 наспроти 63 пратенички места

17

Централната изборна комисија ги објави конечните резултати од парламентарните избори во Бугарија, како и распределбата на пратеничките места.

Партијата „има таков народ“ на Слави Трифонов освои 65 пратенички места. Следува коалицијата ГЕРБ-УДФ, која ќе има 63 пратеници во новиот парламент. Третата политичка сила на изборите, коалицијата БСП за Бугарија, доби 36 пратеници.

Коалицијата „Демократска Бугарија – обединување“ („Да Бугарија“, ДСБ, „Зелено движење“) ќе брои 34 пратеници.

Движењето за права и слободи – ДПС, доби 29 места. И „„Исправи се! Мафијата надвор! ” – 13 пратенички места.

Вкупно на изборите гласале е 2. 766.426 гласачи. „Има таков народ“ освои 657.829 гласови, а втората „ГЕРБ – УДФ“ – 642.165 гласа.