Три години затвор за 22 годишникот кој ја усмрти 24 годишната Викторија кај „Сити Мол“

2

Обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, од Основниот Кривичен суд – Скопје денеска беше осуден на казна затвор од три години.

На пресудата ѝ претходеше признание на вина од страна на обвинетиот. Судењето го водеше судијката Љубинка Башевска.

Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова. Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.