Тројца загинати во пукањето во центарот на Париз (ДПЛ)

2

 

Три лица загинаа денеска по пукотница во центарот на Париз, соопштија обвинителите.

Уапсениот по смртоносното пукање во Париз им бил познат на властите, јавуваат медиумите во Париз. Радиото Франс Инфо, повикувајќи се на полициски извори, јави дека е осомничен 69-годишен маж кој бил познат по два претходни обиди за убиства.

Весникот „Паризиен“ објави дека Французинот минатата година со сабја нападнал камп за мигранти, при што повредил неколку лица. Човекот излегол од затвор во средината на декември и бил под судски надзор.

Осомничениот, пукал во 10-та област на градот и притоа убил три лица, а други беа повредени.

Според градоначалничката на округот, Александра Кордебард, мажот пукал во курдски центар, како и во ресторан и фризерски салон.

Обвинителството покрена истрага, засега нема информации за мотивот на напаѓачот.