Тупанчески: Мора да има баланс до каде се процесните права, а од каде почнуваат злоупотребите кај застарувањето на предметите

9

 

Менаџирањето во судството не едноставна работа, но мора да има баланс до каде се процесните права на странките во постапките, а од каде е злоупотреба, смета министерот за правда Никола Тупанчески.

На годишниот брифинг за медиуми, во однос на застарувањето на предметите, Тупанчески, посочи дека менаџирање во судството не е да се договорите колкава ќе биде пресудата, туку процесот да го доведете до крај, до правосилна, конечна пресуда.

Според Тупанчески, во моментов сите сме сведоци дека институтот на застареност, практично се реафирмира, и нагласи дека се работи на нов Кривичен законик, каде работат на оваа проблематика да нема релативна застареност.

–  Едно од решенијата е тоа. Второто решение. Не може адвокатите да им забраниме во реализација на процесните права, но мора да направиме дистинкција до каде е примена на процесно дејство, а од каде е злоупотреба, изјави Тупанчески.

Во однос на изборот на претседател на Судскиот совет, и тоа што може да направи Министерството за правда, според Тупанчески, е да предложи законско решение претседател на советот да се избира од редот на судиите.

– Не го врзувам со личност. Го врзувам со правен алгоритам како решение. Правно не е добро аргументирано стручен соработник да оценува судија на Врховен суд. Тоа е она што може да направи Министерството за правда, да иницира идеја, предлог за се смени законот во тој дел, појасни Тупанчески.

За зголемувањето на платите на Советот на јавни обвинители, на брифингот со медиумите, Тупанчески посочи дека тоа е дел од шест пакет закони во Собранието.

– Дали се приортитет платите на судиите, обвинителите или просторните услови. И двете работи требаат, вели Тупанчески.