Туристичките работници гневни на Филипче, поставија ултиматум и најавија протести

10

Како да не е доволно што сме најзагрозен сектор поради пандемијата, министерот Венко Филипче дополнително ни ја отежна работата со изјавата: „Препорачувам воопшто да не се патува, граѓаните да седат дома и пожелно е границите да не се отворат“, реагираат туристичките работници.

„Ако министерот препорачува да не се патува за да се заштитат граѓаните, тогаш државата нека помогне на овој сектор и да не заштити и нас од пропаста која веќе пристигна“, реагираат туристичките работници.

Од таму поставија ултиматум, најдоцна до 15-ти август да дојде до измена на, како што велат, нелогичната одлука за превоз на 50 отсто на патници во автобусите и бараат да се продолжи мерката за субвенционирање на платите на овој сектор во кој спаѓаат туристичките агенции, водичите и превозниците.

Доколку под итно не се превземат мерки за помош, секторот туризам најавуваат протести низ земјата и комплетна блокада на патиштата.