Турски тек ќе му носи на Газпром 500 милиони долари годишно

25

Гасоводот Турски тек кој денес официјално се отвора ќе му носи на Газпром околу 500 милиони долари приход годишно, изјави за РИА Новости заменик началникот на Националниот фонд за енергетска безбедност Алексеј Гривач.

„Ако им веруваме на бројките за проектираниот капацитет на новиот гасовод кои ги претстави заменик претседателот на управниот одбор на Газпром Фадил Садигов, Турски тек ќе сочинува третина од вкупниот ќар на Газпром“, кажа Гривач.

Садигов кон средината на декември изјави дека Турски тек и Северен тек 2 заедно и со полн капацитет би можеле да го зголемат профитот на Газпром за повеќе од 1,5 милијарди долари годишно.

Гасоводот Турски тек е составен од две линии, секоја со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри годишно. Едната е наменета за снабдување на Турција со руски гас, а втората за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа.

Бугарската компанија Булгаргаз извести дека Бугарија, Грција и Македонија на 1 јануари почнаа да добиваат гас од Турски тек.