Турски тим заинтересиран за Елиф Елмас

11

Македонскиот репрезентативец и член на Наполи, Елиф Елмас привлекол внимание на еден турски тим кој сака да го ангажира ова лето.

Турскиот „Фотоспор“ пренесува дека за Елмас интерес пројавил тимот на Трабзонспор кој сезоната ја заврши на втората позиција во Суперлигата.

Според медиумот Наполи барал тим за Елмас во кој играчот од средниот ред би играл редовно, па веројатно станува збор за можна позајмица на играчот.

Ваквите најави од Турција треба да се земат со резерва со оглед на фактот дека во последно време Џенаро Гатузо влева надеж во нашиот Елмас, а на вчерашниот натпревар против Интер младиот фудбалер ги одигра сите 90 минути и беше еден од поактивните на теренот.

Сепак, медиумот пренесува дека искусниот спортски работник од Италија кој посредувал за трансферот на Елмас во Наполи, Енрико Федере открил дека Елмас речиси сигурно ќе си замине од клубот како позајмен играч.