Турција бара објавување зона забранета за летови во Сирија

8

Турските власти побараа денеска од светските сили да објават во Сирија зона забранета за летови во обид да се заштитат стотици илјади луѓе кои бегаат од конфликтот.

Турското барање е во момент откако 33 турски војници загинаа во воздушни удари во реонот на Идлиб.

„Меѓународната заедница мора да дејствува за да ги заштити цивилите и да воведе зона на забрането летање“, наведе на Твитер, Фахретин Алтун, директор за комуникации во Кабинетот на турскиот претседател.