Турција воведува полициски час, се затвораат училиштата и баровите

19

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти по вечерашниот состанок дека Турција, поради зголемениот број случај на зараза со коронавирусот, ќе воведе полициски час.

По состанокот со турската влада, Ердоган ѝ се обрати на јавноста и кажа дека полицискиот час ќе се однесува на викендите и ќе трае од 20 часот навечер до 10 часот наутро, јавуваат турските медиуми.

Поради мерките, одделни дејности како фризерските салони, трговските центри, рестораните и продавниците ќе мора да го прилагодат работното време.

Покрај полицискиот час, Турција реши да ги затвори училиштата, па сè до крајот на полугодието наставата ќе се одвива онлајн.

Останатите мерки кои ги најави Ердоган вклучуваат затворање на кафулињата и баровите на неодредено време, како и затворање на кино-салите до крајот на годината.

Турција во последните 24 часа регистрирала 3.316 нови случаи на зараза со вирусот.