Турција донесе закон за строг надзор врз здруженијата, критичарите велат ќе ги задуши невладините организации

67

Турскиот парламент денеска донесе закон со кој ќе се зајакне надзорот врз фондациите и здруженијата и со кој, според групите за човекови права меѓу кои и Амнести Интернешенал, се ризикува ограничување на слободите на граѓанските организации.

Законот дозволува министерот за внатрешни работи да ги замени членовите на организациите за кои се водат обвиненија за тероризам, додека Министерството за внатрешни работи исто така може да поднесе барање до судовите за запирање на активностите на групите, според новиот закон. Меѓународните организации исто така ќе бидат вклучени во законот и соодветно ќе бидат казнети.

Парламентот утринава го одобри Предлог-законот – поднесен од АК партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој има парламентарно мнозинство со своите националистички сојузници МХП, соопшти Собранието на Твитер.

Претходно неделава, седум граѓански организации меѓу кои ги Здружението за човекови права и Амнести, во изјава кажаа дека обвиненијата за тероризам во Турција се произволни, додавајќи дека законот ја крши презумпцијата на невиност и ги казнува оние чиишто судења не се финализирани.