Турција е рекордер по уапсени новинари

7

Во Турција сѐ уште се уапсени повеќе од 120 новинари, што претставува светски рекорд, иако бројката е намалена од 160 на 120, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за печат. Според Институтот, по завршување на вонредната состојба во Турција нема никаква промена.

Во Турција по обидот за воен удар во 2016 година, прогласена е вонредна состојба, за време на двегодишната вонредна состојба во Турција уапсени се 150 илјади судии, академици, голем број државни службеници беа разрешени од своите работни места поради наводна поврзаност со движењето на Ѓулен.

Според извештајот на Меѓународниот институт за печат, по обидот за воен удар, во Турција се уапсени стотини новинари поради поврзаност со терористичка организација.

Зад овие бројки има приказни за кршење на основните права при што голем број новинари се затворени со месеци, понекогаш дури и со години, осомничени за сериозни престапи поврзани со тероризам и без формално обвинение.

Според извештајот, новинарите биле уапсени како резултат на притисок врз медиумите во политички цели.

Во извештајот е споменат и новинарот Ахмет Алтан кој минатата недел беше ослободен, но после една недела повторно беше уапсен. Судењето на новинарите не е поддржано ниту од страна на Меѓународниот институт за медиуми ниту од други институции за човекови права.