Турција и Франција се пласираа на Европското првенство

5

Турција одигра 0-0 против Исланд па го завери и својот и пласманот на Франција на Европското првенство 2020.

На Турција и требаше бод против Исланд за на коло пред крајот да го обезбеди „билетот“ за Европското првенство во 2020 година.

Денеска во првиот дуел од квалификациите Турција и Исланд одиграа без голови, по што радоста на Турците мораше да почне.

Ваквиот резултат значеше и пласман на Франција на континенталниот собир, бидејќи тие му бегаат три бода на Исланд и имаат подобар меѓусебен дуел од нив. Исланѓаните имаат само уште еден меч, а Французите уште два.

Многу извесно е дека Франција ќе го освои и првото место во групата, но на Турција тоа нема да и смета, најважно за нив е дека по петти пат ќе играат на Европските првенства.