Турција повторно воведува полициски час

Носењето заштитна маска од сега е задолжително на јавни места во трите најголеми градови во Турција, соопштија денеска надлежните. Бројот на заразени со коронавирус во земјата е зголемен откако беа олеснети ограничувањата наметнати поради епидемијата.

30

Маските се задолжителни во Истанбул, Анкара и Бурса, како и во 47. од 81. провинција. Бројот на заболени порасна по отворањето на кафулињата, рестораните, вежбалниците, парковите, плажите, музеите…

Министерството за внатрешни работи објави дека ќе има полициски час в сабота и следниот викенд низ цела Турција, бидејќи милиони ученици полагаат испити за упис во средно училиште и за факултет.