Турција стави во карантин повеќе од 4.000 патници од Велика Британија

103

Турција идентификува и стави во карантин 4.603 патници кои пристигнаа од Велика Британија по 14 декември и појавата на новиот вид коронавирус во земјата, рече турскиот министер за здравство Фахретин Коча.

По информациите за појава на нов вид вирус беа прекинати сите летови од Велика Британија, Јужна Африка, Данска и Холандија кон Турција.

Многу земји имаат засилени мерки за патување, пред сè од Велика Британија, каде што најбрзо се шири новиот вид коронавирус.