Турчин цели 14 месеци позитивен на ковид

22

Турчинот Музафер Кајасан веќе 14 месеци е позитивен на ковид или досега направил 78 последователни тестови.

– Претпоставувам дека ова е женска верзија на Ковид, бидејќи „таа“ е опседната со мене. И има топол дом бидејќи имам големо срце, вели тој.

Кога првпат се заразил, Музафер (56) мислел дека ќе умре. Дошол до едвај 50 килограми телесна тежина, а бидејќи боледува од леукемија, секое дополнително слабеење на имунитетот му отежнува. Повеќе од една година заразата сè уште ја има, но тој солидно се држи.

– Дојдовме до точка каде што болеста или ќе исчезне или ќе оди со мене в гроб. Нема друг начин, изјави Музафер Кајасан.

Имунокомпромитирани пациенти се изложени на поголема опасност од продолжена инфекција. Секој четврти заболен од леукемија не произведува антитела, дури и по две дози од вакцината, според д-р Чагри Буке.

– Не можеме со сигурност да кажеме дали вирусот е сè уште активен или не, но има 99 отсто можност да не е активен и затоа не е заразен, рече тој.

Сè додека тестовите се позитивни, Музафер не може да се вакцинира, но негова најголема желба во мигов се малку поблаги мерки на изолација.